„Џастин е супер човек, добар противник. Сепак тој треба да биде подготвен не само да боксува, кога октагонот ќе се затвори. Јас не сум Порје и Фергусон. Ќе го однесам во најдлабокиот океан и ќе го удавам“, напиша Нурмагомедов, пренесува „Росијскаја газета“.
Првично борбата меѓу Хабиб и Гејџи требаше да се одржи на 19 септември во Абу Даби. Сепак, од тимот на Русинот изјавија дека тоа нема да се случи. На почетокот на јули тренерот и татко и на носителот на титулата на UFC во лесна категорија Абдулманап Нурмагомедов почина на 58-годишна возраст поради компликации добиени од зараза со короновирусот.
Последниот дуел на Хабиб беше на 7 септември минатата година, во кој ја одбрани титулата во борбата со Поарје.
Менаџер: Целта на Хабиб е да оствари 30 победи и да ја заврши кариерата без пораз