Еднаш во ВДВ, секогаш во ВДВ – така велат припадниците на руските Воздухопловно-десантни сили.
Алексеј Мајшев / Sputnik
Да се стане дел од ВДВ е голема привилегија во Русија и причина за гордост до крајот на животот.
Александар Гаљперин / Sputnik
Мотото на ВДВ е „никој освен ние“!
Виталиј Тимкив / Sputnik
На падобранците им ги даваат најтешките и најопасни задачи кои подразбираат дејствија зад непријателските линии.
Виталиј Тимкив / Sputnik
Токму затоа нивната обука е една од најтешките во руската армија.
Александар Крјажев / Sputnik
ВДВ меѓу првите ги добива најновото оружје и воена опрема.
Андреј Никеричев/Moskva Agency
Се проценува дека Вооружените сили на Руската Федерација денес сметаат на околу 45000 активни припадници на ВДВ. Во овој сегмент Русите се убедливо први во светот.
Виталиј Тимкив / Sputnik
Колку е ова значајна бројка, зборува податокот дека дури во 18 од вкупно 29 членки на НАТО-пактот вкупниот воен персонал не надминува 30000 луѓе.
Сергеј Карпухин / TASS
Рускиот ВДВ е единствен по тоа што има посебна виша воена школа, под целосен назив „Рјазањска гардиска виша воздухопловно-десантна командна школа“, а од 1996 година официјално го носи името на Десантникот бр. 1, генералот на армија Василиј Маргелов.
Виталиј Тимкив / Sputnik
Во текот на својата историја легендарната Рјазанка изнедри вкупно 53 Херои на Советскиот Сојуз и дури 78 Херои на Русија. Според бројот на носители на највисокото одликување далеку ги надминува сите останати воени високообразовни институции во Русија.
Сергеј Фадеичев / TASS