Руски рибари на Курилите уловија сина туна тешка речиси 200 килограми (ФОТО, ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сината туна тешка 184 килограми се вплетка во мрежата на рибарскиот брод „Бухтата на Наталија“ во близина на Јужните Курили.

Толку голема риба е првпат доставена во поморското рибарско пристаниште во Владивосток, пренесуваат руските медиуми.

„Во пристаништето „Владморрибпорт“ се вкотви бродот „Бухтата на Наталија“, кој достави улов со рекордна големина. Сината туна тешка 184 килограми е успешно складирана во фрижидер. Рибата донесена во пристаништето е уловена со помош на мрежа недалеку од Јужните Курили“, се вели во соопштението.

Според тврдењата на далекоисточните рибари, станува збор за голем успех.