Во Москва еднорак работник во обезбедување спаси дете што испадна низ прозорец

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во Москва едноракиот 29-годишен работник во обезбедување Алексеј Данилкин и неговиот татко, кој исто така работи во обезбедување, спасија седумгодишно дете кое испадна од прозорец на шести кат. Ова во вторникот, 28 јули, го објави весникот „Московски комсомолецˮ.

Според информациите на изданието, на 27 јули во улицата „Ватутин“ во Москва работниците во обезбедувањето забележале момче кое на голема височина се држело за кабел на сателитска антена. Потоа Данилкин, кому му е ампутирана шаката на едната рака, јурнал во магацинот, зел душек и побрзал да го спасува детето.

„Момчето плачеше и викаше дека повеќе не може и дека ќе скокне. Неколку минути подоцна се отфрли со нозете од ѕидот на зградата и ги пушти рацете. Се обидовме да го процениме местото на падот за да детето падне на душекот. Но тоа падна на неговиот раб, а потоа одлета во џбуњето и преживеаˮ, објасни Данилкин.