Како што на 27 јули изјави за порталот „Фонтанкаˮ петербуршкиот фотограф Антон Кубишкин, тој со друштвото го минува одморот на езерото Ладога во реонот на населбата Моторно. Вчера на езерото и брегот се спушти студен слој воздух, а над нив, очигледно, се наоѓал топол фронт, што предизвика појава на фатаморгана. Големите „слики“ кои полека се менуваа потсетуваа на мостовите преку реката Нева во Петербург, на подморници, планини и грбови на огромни морски чудовишта.
„Седев на брегот и се смрзнував додека фотографирав и замислував како би изгледало тоа да сум во океанот. А наутро сонцето ни подари преубаво изгрејсонце“, напиѓа Антон во групата „Печурки и печуркари на Санкт Петербургˮ на социјалната мрежа „ВКонтактеˮ.
Фатаморганите настануваат при средба на слоеви воздух со различна густина и температура. Границата меѓу нив ги рефлектира зраците светлина како огледало. Набљудувачите притоа гледаат и реален објект (тоа може да биде дури и дел од небото) и неговиот одраз во атмосферата. Возачите добро ги познаваат фотоморганите кои во врели денови се појавуваат над прегреаниот асфалт и изгледаат како бари на патот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче