Руската „медицинска сестра во бикини” ќе води временска прогноза

Tula News VK.com / Vesti Tula
Девојката го доживува тоа како корисно искуство.

Медицинската сестра Надежда Жукова, позната по своето појавување во болница во проѕирно заштитно одело и спортска долна облека, стана телевизиска водителка, објави државната телевизиска и радиска компанија „Тула”.

„Надежда Жукова, останувајќи активна медицинска сестра, гледа на овој експеримент како на уште еден предизвик и корисно искуство. Притоа таа не ја менува професијата и работи на тоа да стане лекар“, истакнува тв-каналот.

Девојката ќе се појави на тв-каналите „Росија 1 Тула” и „Росија 24 Тула”.

Откако стана позната, Надежда се испроба како фотомодел. Девојката склучи договор со рускиот спортски бренд ZASPORT. Во чест на Денот на лекарите, кој во Русија се одбележува на 21 јуни, брендот направи со неа фотосесија и ја интервјуираше.

Инаку, Надежда Жукова пролетва под заштитното одело во болницата во која работи облече костим за капење, надевајќи се дека на тој начин ќе ѝ биде полесно да работи, со оглед на фактот дека во оделото е многу топло, а во болницата не работеше клима-уредот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња