На почетокот се зборуваше дека медицинската сестра ќе биде казнета и дека против неа е покрената дисциплинска постапка, но за пожртвуваноста на работното место доби пофалби од рускиот министер за здравство, па и од губернаторот на Тулската област.
Како што наведуваат медиумите, ја поддржале и колегите лекари, граѓаните и официјалните лица.
Медицинската сестра од Тула Надежда Жукова во меѓувреме стана вистински хит на социјалните мрежи, а многумина ја видоа како симбол на борбата на медицинските работници против коронавирусот.
„Каква фантастична медицинска сестра! И дедото го симна респираторот!!“ - пишува @redsquare2018.
Корисникот на „Фејсбук“ Шавкат Ајхоџаев инсистира дека медицинската сестра не смее да биде казнета, туку наградена за храброста и посветеноста на работата.
„Кога би имало повеќе вакви здравствени работнички, сите би оздравеле за миг“, претпоставува zahar1976 read.
„За коронавирусот толку малку се знае. Мораме да ги испробаме сите можни начини на лекување, па и оние женските“, советува @polinovskaya61.
Надежда Жукова ја поддржува со својата работа и уметникот oxycoldillustrator.
Медицинската сестра од Тула ја споредија и со рударите кои без облека спречуваа потешки последици од хаваријата во Чернобил:
Тульская медсестра пришла в палату к пациентам в прозрачном халате, под которым был только купальник.
— Лентач (@the_lentach) May 20, 2020
По данным «Тульских новостей», в защитной форме было очень жарко, а прозрачность костюма девушка не рассчиталаhttps://t.co/1uUYVIJSxXpic.twitter.com/4LoDTw3XkM
Еден сликар од Канада исто така понуди свое уметничко видување на настанот во Тула:
I really like this look.
— Marmalade Mum (@Marmalade_Mum) May 21, 2020
Support my #nsfw art/comics: https://t.co/0WMyCNMw2i
Check out my image sets: https://t.co/S0sh1nZdNlpic.twitter.com/y06i0lo78T
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче