Руската медицинска сестра која се прослави носејќи бикини на работа сега рекламира спортска опрема

Zasport / Tula news

Руската медицинска сестра од Тула Надежда Жукова, која го привлече вниманието на медиумите кога се појави на работа во проѕирно заштитно одело и спортска долна облека, стана заштитно лице на брендот спортска облека Zasport.

На профилот на „Инстаграм“ на оваа компанија се појавија фотографии на кои сестрата од Тула позира во опрема за фитнес.

Како што истакна основачот на брендот Анастасија Задорина, медицинската сестра која работи со пациенти со коронавирус заслужува почит и поддршка.

„Тоа е млада, убава и многу храбра девојка која даде свој придонес во борбата против COVID-19. Таа ќе учествува во нашите општествено одговорни активности во рамките на програмата ЗА ПОМОШ, која ја реализираме од март оваа година“, се наведува на официјалниот профил на компанијата Zasport на „Инстаграм“.

Задорина додава дека раководството на компанијата е подготвено да ѝ даде помош на Тулската обласна болница во која е вработена девојката.

Жукова изјави за порталот Zasport.com дека приказната за необичната медицинска униформа го привлекла вниманието на медиумите, но не влијаела на нејзината желба да им помага на луѓето и да се запише на медицински факултет.

Девојката им се заблагодари на колегите кои ја поддржаа по бројните написи во медиумите.

„Ме бранеа и главниот лекар на нашата болница, па дури и губернаторот на Тулската област. Многу им благодарам! Колегите ми рекоа дека медицински персонал од други градови организирал флешмоб за да ме поддржат. Тие најдобро разбираат колку е топло лете во заштитно оддело. Тоа е како да поминете неколку часа во сауна, дури ви е тешко и да дишете и одите“, вели таа.

Медицинската сестра додаде дека на фотографиите под заштитното одело не носела костим за капење туку спортски топ и шорцеви.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња