Во Анапа мачка се обиде да украде пари од персонал во пивница (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Вработените во пивница во Анапа кон крајот на мај вдомија лисесто маче. Му го дадоа името Масјања.

Мачката бргу се навикна на новиот дим и почна да се однесува мошне дрско.

Камерите за видеонадзор забележаа обид за „кражба“, т.е. ја снимија Масјања како со советски банкноти во забите трча кон излезот, меѓутоа вработените во пивницата успеаја да ја запрат.  

Но, мачката не се смири. Штом келнерите им се посветија на гостите таа повторно се обиде да ги украде парите. Вработените во пивницата ја поставија оваа интересна видеоснимка на „Инстаграм“. Видеото многу бргу стана популарно.