Над Петербург снимени облаци во сите бои на виножитото (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Виножитото може лесно да го видите, но дали некогаш сте виделе неверојатно убави облаци во боите на виножитото?

Жителите на Петербург забележаа необична природна појава – облаци во боите на виножитото.

Овие облаци се познати како иридесцентни облаци, а самиот феномен се вика иридесценција. 

Виножитото се гледа кога сончевата светлина се витка и прекршува додека поминува низ големи капки вода, а облаците во боите на виножитото настануваат кога снопот светлина ќе наиде на пречка со слична големина на брановата должина на светлината и потоа се прекршува и витка околу пречката.