Рускиот возач на „Формула 1“ објасни: „Русите клечат пред татковината, знамето и Бога“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Данил Квјат беше еден од шестмината возачи на „Формула 1“ кои не клечеа пред стартот на Светскиот куп на „Формула 1“ во Австрија. „Тоа е, така да речам, против менталитетот на рускиот народ“, објасни тој.

Во текот на тв-преносот можеше да се види како возачите излегуваат во маички со натпис „Црните животи се важни“ и „Крај на расизмот“, а при интонирањето на австриската химна на возачите им беше предложено да клекнат. Шестмина останаа да стојат, меѓу нив и Данил Квјат.

„Кога ми предложија клечење како гест на борба против расизмот, сé ми беше малку несфатливо. Тоа е, така да речам, против менталитетот на рускиот народ. Ние, Русите, клечиме пред татковината, знамето и Бога“, рече тој.

„Сите ние возачите сме обединети во борбата против расизмот. Го покажавме нашиот став кога пред трката облековме маички со натпис „Крај на расизмот“, додаде Данил Квјат.