„Ние веќе го гледаме капиталниот почеток на престројувањето, модерацијата, законската регистрација на социјалните мрежи. Ако ова досега, во текот на изминатите неколку години беше вовед, денес таа сфера секако ќе почувствува притисок или влијание, но таа, во секој случај, на овој или оној начин ќе се менува“, рече Захарова, пренесуваат руските медиуми.
Захарова истакна дека денес главната закана во медиумската сфера се лажните вести.
„Со години за главна закана се сметаше пропагандата. Се сеќавате, сé се засноваше на тоа. Како главен давител на слободата на медиумите, фактор што го спречува развојот на новинарството, пречка за работата на новинарите важеше пропагандата“, додаде претставничката на рускиот надворешнополитички ресор.
Како што истакна таа, „злото на пропагандата бледнее во споредба со заканата што ја носат лажните вести“.
„Затоа што на пропагандата можете да се спротивставите, имате алатки за тоа, постојат закони, со таа цел се направени меѓународни институти, создавано е граѓанското општество“, објасни дипломатот.
Захарова истакна дека „на пропагандата можете да ѝ се спротивставите, а на лажните вести не“.