Камера го забележа моментот кога руски фудбалер го удира гром

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ударот на гром од ведро небо младиот голман, за среќа, го преживеа!

Моментот кога гром удира во Иван Забровски, голманот на клубот „Знамењи Труда“ во третата руска лига го сними камера.

До инцидентот во Орехово Зуево (Московска област) дојде за време на тренинг. Голманот се подготвуваше да ја шутне топката кога буквално од ведро небо го погоди гром. Во моментот беше практично сам на теренот.  

Иван, за среќа, го преживеа ударот на громот. Во моментов е на интензивна нега во болница, неговата состојба е стабилна, со тоа што има силни изгореници на местото каде што го проби молњата. Лекарите велат дека не е во животна опасност.