На почетокот на јуни на протестите во Хјустон беше фотографиран полицаец со тетовирани раце, а покрај различните сликички, убав се гледа дека со големи букви пишува „Русија“!
На надлактицата се наѕира уште и назив на некој руски град што завршува на „...овск“, па така Русите претпоставија дека овој нивен сонародник служел војска во Хабаровск, или, можеби, во Дедовск.
Меѓутоа, се покажа дека полицаецот со тетовирани раце е вистински Тексашанец, родум од Хјустон и се вика Мајкл Ескју. Но, Мајки се оженил во 2011 година со Русинката Анастасија Мељникова од Хабаровск и организирале две свадби, во неговиот и во нејзиниот роден град. Мајкл поминал година дена во Русија и ја засакал таа земја како втора татковина, научил руски и ги ишарал рацете на кирилица.