Поклонскаја го избра победникот на конкурсот за најдобрар аниме цртеж со нејзиниот лик (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пратеничката во Државната Дума на Русија, поранешната обвинителка на Крим Наталија Поклонскаја соопшти дека го избрала победникот на конкурсот за цртеж во стилот аниме со нејзиниот лик. Во конкурсот учествуваа неколку десетици работи од Русија, Украина, Јапонија и Италија.

Поклонскаја претходно распиша конкурс за најдобар цртеж во стилот аниме со нејзиниот лик. Во коментар за РИА „Новости“ таа изјави дека идејата за конкурс била лично нејзина. Руската пратеничка има позитивен однос спрема аниме стилот.

На конкурсот победи цртежот која ја прикажува Поклонскаја во строго деловен костум. „Мислам дека е многу симпатичен“, рече пратеничката.