„Пепелашка од парадата“ пронајдена и наградена (ФОТО, ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Адмирал на Балтичката флота ѝ врачи на девојката спомен-медал, повелба и букет цвеќе пред строј морнарички заставници и офицери, а Ксенија раскажа како го изгубила чевелот.

Учесничката во парадата во Калининград, која во текот на маршот го изгуби чевелот, е наградена од командантот на Балтичката флота адмирал Александар Носатов. 

„Командантот ѝ врачи на девојката спомен-медал, повелба и букет цвеќе пред строј морнарички заставници и офицери“, изјави претставникот на морнарицата Роман Мартов, пренесуваат руските медиуми. 

Се наведува дека наградената Ксенија Каљчинска четири године служи како медицинска сестра во една единица на Балтичката флота. Ова беше нејзина трета парада.

„Се разбира, малку се уплашив кога го загубив чевелот, но брзо се прибрав, затоа што ми беше јасно дека не можам да го нарушам стројот“, изјави таа во разговор за kp.ru.

Каљчинска истакна дека знаела колку луѓе ја гледаат парадата и до крајот измарширала сé како на пробите.

„А чевелот го загубив затоа што при свртувањето ме нагазна девојката зад мене. Тоа често се случува. Тоа е вообичаена ситуација на пробите, нешто сосем нормално“, објасни таа.