„Во Москва почесната стрелба траеше најдолго. Притоа небото го прелеаја боите на државното знаме. (...) Огнометните лансери во текот на 14 минути го исполнуваат ноќното небо со искрести снопови со бели, сини и црвени нијанси”, извести Западниот воен округ, вклучен во организацијата на огнометот.
Министерство за одбрана на Русија
Почесната стрелба на Поклонаја Гора во Москва траеше 15 минути. Во неа учествуваа 40 лансери кои истрелаа кон небото 10 илјади огнометни ракети. Искрите од експлозиите опфатија преку 300 метри во радиус.
Министерство за одбрана на Русија
Специфичноста на годинешната почесна стрелба беше учеството на 18 топови ЗИС-3 од времето на Втората светска војна кои, исто така, истрелаа 30 ракети.
Министерство за одбрана на Русија
„Ден пред одржувањето на почесната стрелба беше направена мултимедијална схема на огнометот, чија основа ја сочинуваат боите на руското знаме“, рече командантот на дивизионот што го изведе огнометот полковник Вјачеслав Парадников.
Министерство за одбрана на Русија
Нешто слично Московјаните веќе видоа на 9 мај, кога на Денот на Победата поради епидемијата на коронавирусот од сите празнични манифестации беше изведена само почесна стрелба со огномет.