Погледнете како изгледа парадата на Црвениот плоштад, снимена од вселената

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руски сателит „Ресурс-П“ ја снимаше воената парада во Москва во чест на 75-годишнината од Победата. Снимката, направена од височина од 475 км, ја објави „Роскосмос“.

„Ресурс-П“ се серија цивилни вселенски апарати за далечинско набљудување на Земјата. Од 2013 година се лансирани три сателити. Податоците добиени од нив се користат при составување и уредување на мапи, за набљудување на состојбата на животната средина и за проучување на наоѓалиштата на минерали. На сателитот се поставени отпоелектронски комплекс, хиперспектрална и широкоспектрална мултиспектрална техника за снимање, пишува „Росијскаја газета“.

На небото над Москва прелетаа 75 авиони и хеликоптери – според бројот на годините поминати од Победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.