Авиони на небото над болница во Москва испишаа порака со благодарност до лекарите (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На небото над болницата во московскиот реон Комунарка на 21 јуни се појави натпис „Спасибо врачам” („Фала на лекарите!”). Него го испиша акробатската пилотска група „Прв лет” по повод Денот на медицинските работници. Групата пилоти исто така изведе уникатна фигура со четири авиони.