Портпаролот на рускиот претседател ја откри „енигмата“ на постерот на софата во кабинетот на Путин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Портретот на Владимир Путин што се наоѓа на софата во неговиот кабинет е подарок од Јапонија, а е направен со специјална техника на оризова хартија. А на прашањето зошто портретот стои на софата три години, Песков одговори: „Затоа што претседателот смета дека тука му е местото“.

Ова го изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Претходно беше емитуван инсерт од интервјуто за телевизиската станица  „Русија 1“ на новинарот Дмитриј Смирнов со рускиот претседател во кое се гледа црна кожна софа на која е раширен портрет на Путин.

„Тоа е добиено од Јапонија. Во една од префектурите беше направен портрет на претседателот со специјална древна техника на оризова хартија“, објасни Песков.

На новинарското прашање зошто портретот стои на софата три години, Песков одговори: „Затоа што претседателот смета дека тука му е местото. Тоа е негов личен простор и негова одлука“.