Пред сé, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го укина системот на дигитални пропусници кои беа потребни за излегување поради лични причини (најмногу двапати неделно), за одење на работа и во болниците или за набавка на неопходните намирници и примање на неопходните услуги.
Градоначалникот исто така го укина распоредот на шетање според кој жителите на Москва можеа да се шетаат само во одреден период на денот (таа мерка беше воведена само една недела пред укинувањето на карантинот), како и ограничувањата за каршеринг, кој делумно проработе на 25 мај.
Сергеј Савостјанов / TASS
Московјаните побрзаа да ја искористат можноста и да се прошетаат по центарот на градот.
AP
Во центарот веднаш повторно завладеаја сообраќајните метежи, иако повремено почнаа да се појавуваат уште за време на карантинот, особено откако почнаа да попуштаат мерките.
Reuters
Луѓето во метрото притоа и понатаму го почитуваат растојанието од 1,5 метри, повеќето патници користат маски и ракавици. Официјално овие мерки сé уште не се укинати, особено не во продавниците и аптеките.
Викторија Рјабикова
Од 9 јуни проработеа фризерите, салоните за убавина, фотографските студија, ветеринарните клиники и агенциите за вработување.
Eкатерина Чесноковa / Sputnik
Од 16 јуни ќе бидат отворени летните бавчи на кафулињата, музеите, галериите и зоолошките градини. Во моментот на пишување на овој текст на рестораните и кафулињата кои работеа во режим на домашна испорака им е дозволено да ја продаваат храната во режим „за носење“, преку влезната врата или страничните прозорци.
Викторија Рјабикова
Од 23 јуни ќе бидат отворени детските игралишта, скверовите, дел од парковите (еден дел беше отворен на 1 јуни), фитнес-клубовите и базените.
Александар Авилов/The Moscow agency
„Децата повторно ќе можат да се лулаат, а љубителите на спортот да ги развиваат мускулите на справите во паркот. Бабите ќе можат да се одмараат на клупите во дворовите, на скверовите и во парковите на Москва”, напиша градоначалникот на својот блог.
AP