Во Парадите на Победата ширум Русија ќе учествуваат преку 64000 војници

Комсомольская правда/Global Look Press
Ќе бидат ангажирани околу 2400 парчиња копнена и авијациска техника, како и 13 бродови и подморници.

Воените паради по повод 75-годишнината од Победата во Големата татковинска војна 1941-1945 година и во чест на Парадата на Победата на 24 јуни 1945 година ќе бидат одржани на 24 јуни 2020 година во 10:00 часот по локално време во девет градови-херои и 19 градови каде што се распоредени штабовите на воените окрузи, флотите и другите формации на Вооружените сили на РФ. Ова се соопштува во новиот број на весникот „Црвена ѕвезда“ (Красная Звезда).

Во сите наведени воени паради ќе учествуваат преку 64000 војници, околу 2400 парчиња копнена и авијациска техника, како и 13 бродови и подморници.

Во 28 градови каде што ќе се одржи парадата ќе бидат истрелани и почесни артилериски плотуни во 22:00 часот.

Парадата во чест на Победата во Големата татковинска војна традиционално се одржува на 9 мај, но годинава е поместена поради пандемијата на коронавирусот. Одложени се и сите други масовни манифестации поради опасноста од ширење на Covid-19. Претседателот на Русија Владимир Путин ја помести смотрата за 24 јуни. Тој датум не е случајно избран. Првата Парада на Победата 1945 година е одржана токму на 24 јуни.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња