Путин ги објави датумите на одржување на Парадата на Победата и акцијата „Бесмртниот полк“ во Москва

Комсомольская правда/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека Парадата на Победата во Москва ќе биде одржана на 24 јуни, а акцијата „Бесмртниот полк“ на 26 јули. Рускиот лидер му нареди на министерот за одбрана да почне со подготовките за воената парада.

„Парадата на Победата ќе ја организираме на 24 јуни, на денот кога 1945 година е одржана легендарната историска парада на победниците, кога на Црвениот плоштад маршираа борците кои учествуваа во битките кај Москва и го бранеа Ленинград, се тепаа со нацистите кај Сталинград, ја ослободија Европа и на јуриш го зазедоа Берлин“, рече Путин за време на работната средба со министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Претседателот истовремено наложи во подготовката и изведувањето на парадата да се преземат најстроги мерки на безбедност.

„Опасност по сите нејзини учесници треба да биде сведена на минимум, а уште подобро, да биде целосно исклучена“, рече Путин.

Што се однесува до маршот на „Бесмртниот полк“, кој досега беше одржува на 9 мај по воената парада, Путин предложи таа акција да се организира на 26 јули, на Денот на воената морнарица, доколку епидемиолошката ситуација биде поволна.

Како што истакна шефот на руската држава, не е изводливо тој марш да се одржи на 24 јуни по Парадата на Победата, затоа што е невозможно да се испочитуваат строгите правила за безбедност и одржување на дистанца која по улиците „се движи бескрајна река од луѓе“.

„Поради тоа предлагам маршот на „Бесмртниот полк“ да се одржи еден месец по парадата, т.е. конкретно на 26 јули, затоа што и тоа е празник на нашата војничка слава, Ден на Воената морнарица на Русија“, рече Путин.

Притоа тој нагласи дека маршот ќе биде одложен за подоцна доколку ни тогаш, според мислењето на стручњаците, не биде можно да се осигура целосна безбедност.

Владимир Путин на 9 мај, во обраќањето до граѓаните на Русија по повод Денот на Победата, вети дека 75-годишнината од Победата ќе биде „сеопфатно и достојно“ одбележана. Тогаш тој најави дека ќе биде одржана и главната парада на Црвениот плоштад и народниот марш на „Бесмртниот полк“.

Претходно поради ситуацијата со коронавирусот во Русија беа откажани сите акции кои подразбираат масовни собири.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња