Парадата на победата на 9 мај на Црвениот плоштад се одложува поради пандемијата на коронавирусот, објави Владимир Путин на советувањето со членовите на Советот за безбедност.
„Подготовките за Парадата на 9 мај треба да почнат сега, во овој момент. Но, поради епидемијата која го нема достигнато врвот, ризикот е сè уште исклучително висок. Тоа не ми дава право сега да почнеме со подготовки за парада и за други масовни манифестации. Поради тоа им наредувам на министерот за одбрана и на раководителите на вооружените структури и на органите на власта на сите нивоа да внесат измени во распоредот и да ги одложат подготовките за воената парада на Црвениот плоштад и за парадите во регионите. Да се одложат сите јавни манифестации кои беа планирани по повод 75-годишнината од Големата победа“.
Рускиот претседател нагласи дека Денот на победата, и покрај одложувањата, ќе се празнува токму на 9 мај и оти тој датум не може да биде поместен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче