На неа се гледа како мечката оди по пат обидувајќи се да го симне необичниот „шлем“. Животното се заглавило и не може самото да си ја извлече главата.
„Добро се пикнал“, коментира авторот на снимката.
Снимката е направена на Уст-Бољшеревскиот автопат. Ловочуварите утринава се обидоа да ја пронајдат мечката што се нашла во неволја за да ѝ помогнат, но не успеаја во тоа.