CBS Sports: Емелјаненко две места пред Хабиб на листата најдобри ММА-борци на сите времиња

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американската телевизија CBS Sports ја стави руската легенда на борбите без правила Фјодор Емелјаненко на четвртата позиција на листата на најдобри борци на мешани боречки вештини, а Хабиб Нурмагомедоц на шестата.

На врвот на листата е Американецот Џон Џонс, на второто место Бразилецот Андерсон Силва, а трет е Канаѓанецот Жорж Сен Пјер.

Русинот Фјодор Емелјаненко е на четвртата позиција, а меѓу него и Хабиб се најде американскиот спортист Деметриус Џонсон. Местата од седмото до десеттото ги зазедоа Бразилецот Жозе Алдо, Американецот Даниел Кормје, Ирецот Конор Мекгрегор и Американецот Метју Хјуз.

Емелјаненко во својата долга и сé уште незавршена кариера има 39 победи и шест порази, додека Нурмагомедов 28 победи во исто толку борби и моментално е шампион на УФЦ во лесна категорија.