Москва подготвена за укинување на карантинските ограничувања

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сите услови градот наскоро да го укине режимот на самоизолација веќе постојат, изјави шефот на управата на „Роспотребнадзор“ на Москва Елена Андреева, пренесуваат медиумите.

Индексот на ширење на инфекцијата во Москва е 0,85. Москва е во принцип подготвена за првата фаза на укинување на карантинските ограничувања, па и за втората, ги пренесуваат медиумите зборовите на Андреева.

Уште еден показател е нивото на смртност кој во моментов изнесува 1,1%, а тоа повеќето се луѓе постари од 65 години. Доколку темпото на ширење на инфекцијата остане на ова ниво, во најблиско време властите на Москва можат да ги отворат и другите објекти за давање услуги и да дозволат прошетки на свеж воздух за децата и постарите луѓе.

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 8338 новозаболени од коронавирусот, а во земјата вкупно има преку 370000.