Песков: Не му беше лесно на Путин да ја донесе одлуката за одложување на Парадата на Победата

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
За претседателот приоритет е здравјето на нашите граѓани, истакна портпаролот на Путин.

На претседателот на Русија Владимир Путин не му беше лесно да ја донесе одлуката за одложување на Парадата на Победата, смета неговиот портпарол Дмитриј Песков. Ова тој го изјави во неделата во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“.

„Се разбира, на претседателот веројатно не му било лесно да донесе таква одлука, но <...> нему му е поважно здравјето на нашите граѓани“, рече претставникот на Кремљ.

Песков истакна дека Путин го почитува 9 мај како светиња и изрази уверување дека јубилејот на Победата „секако сите ќе го прослават“.

Претходно во четвртокот Путин објави дека Парадата на Победата и прошетката на „Бесмртниот полк“ оваа година нема да се одржат на 9 мај, туку подоцна, кога ќе помине опасноста од коронавирусот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња