Вработените во Центарот поставија фотографија од бегалката на својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте и ја потпишаа со зборовите: Неуспешен обид за бегство.
Судејќи според сé, фоката била разочарана поради пропаднатиот план. На фотографијата таа во најмала рака делува тажно. На корисниците на рускиот сегмент на интернетот животното им остави силен впечаток. И додека на едни им се чинеше дека е под стрес, други соучеснички се шегуваа со тоа. А имаше и автори на духовити сликички со несреќната фока во главна улога.
Тажната фока се повози и во автобус, а во московското метро за време на пандемија ги почитуваше мерките за социјална дистанца.