Голем зеленкав светлечки метеор снимен во Сибир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Камерите за видеонадзор во Краснојарскиот крај во Сибир во градот Канск снимија пад на метеор, пишува новинската агенција РИА „Новости“.

Објектот е виден на 18 мај во 22:40 по локално време, а мештаните тврдат дека слушнале татнеж.

На снимката се гледа како на небото затреперува зеленикава светлост која потоа, приближувајќи се до земјата, гасне.

Според зборовите на корисниците на социјалните мрежи, метеорот не е забележан само во Канск, туку и во Курагинскиот, Минусинскиот и Каратузускиот реон на Краснојарскиот крај, но и во републиките Тува и Хакасија.