Путин се пошегува: „Ме загрижуваат приказните за хуманизација на глувците“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Претседателот на Русија Владимир Путин на советувањето за развој на генетските технологии ги коментираше успешните истражувања врз лабораториски глувци.

„Глушецот е добар по тоа што кај нив мутациите на гените предизвикуваат слични последици како кај човекот. Ние работиме со глувци кај кои е извршена хуманизација, т.е. дел од нивните гени е заменет со човечки гени“, објасни директорот на Институтот за молекуларна биологија „В. Енгелгарт” на Руската академија на науки Александар Макаров.

„Кога зборувавте за хуманизација на глувците ме обзеде чувство на стравопочит, но и на внатрешна загриженост. Фантазијата за генетски инженеринг веднаш создава најразлични слики на тие хуманизирани глувци. Се надевам дека сето тоа ќе биде под контрола“, се пошегува шефот на руската држава.