Пилот на небото над Русија испиша три збора

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот пилот Олег Кобзев на небото над Русија испиша три збора, се наведува на порталот FlightRadar.

На картата со маршрутата на авионот објавена на порталот се гледа дека авионот ја испишал фразата на руски: „А где все?” („А каде се сите?”).

Според податоците на порталот, настанот е забележан на подрачјето на селото Сидорково во Коливанскиот реон на Новосибирската област. Летот што траеше повеќе од еден час го изведе лесен едномоторен авион Evektor Harmony LSA.

Русија на 27 март го запре редовниот и чартер воздушен сообраќај со другите земји. Исклучок се летовите организирани заради враќање на руски државјани од странство, како и одделни летови по налог на владата.