Русија изби на трето место во светот според бројот на заразени со коронавирус

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во изминатите 24 часа речиси 11000 новозаболени. Најголем број заразени има Москва 121301.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во Русија од почетокот на пандемијата достигна 232243, така што Русија изби на третото место во светот по САД (1385834) и Шпанија (268143). Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија во изминатите 24 часа се зголеми за 10899. Оздравеа 43512 пациенти, а 2116 лица починаа од последиците на инфекцијата.

Во Велика Британија во моментов има 223060 инфицирани со вирусот, а во Италија 219814.