Денес во Скопје по повод 75-годишнината од победата на улицата „9 мај“ свечено беше откриено спомен-обележје со кое се овековечува сеќавањето на оние што се бореа против фашизмот. На присутните, кои беа во мал број поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, им се обрати амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин.
Амбасада на Русија во Северна Македонија
„9 мај, денот кога беше поразена нацистичката Германија, стана најважната пресвртница не само во 20 век, ами и во целата светска историја. И покрај тоа што до крајот на Втората светска војна остануваа уште неколку месеци, токму тогаш – пролетта 1945 година – народите на Европа, кои минаа години низ заробеништво, кои доживеаја болка и горчина поради загубите, се почувствуваа слободни од фашистичката чума, и стана свесни дека непријателот е уништени дека преживеаниот кошмар повеќе никогаш нема да се повтори“, рече амбасадорот Баздникин.