Поради ширењето на коронавирусот во Русија е откажана акцијата „Бесмртниот полк“ која последниве години на улиците собираше луѓе со портрети на нивните предци-учесници во Втората светска војна. Организаторите сепак предложија нов формат на овој настан: виртуелна прошетка во која можат да учествуваат сите заинтересирани.
Андреj Љубимов/Moskva Agency
За да се вклучите, треба само да пополните образец со податоците за членот на своето семејство кој се борел во војната, како и да додадете своја фотографија и фотографија на својот роднина на сајтот на „Бесмртниот полк“ или на социјалните мрежи на проектот.
Од сите фотографии ќе биде направена единствена видеониза. Виртуелната прошетка ќе биде прикажана на телевизиските канали и различни интернет платформи, а ќе биде емитувана на 9 мај со почеток во 2:00 часот по московско време. Освен тоа, истиот ден во 19:00 часот по московско време руските граѓани ќе излезат на своите тераси со портрети на хероите од војната и ќе ја испеат песната „Денот на Победата“.
Андреј Каспришин / Sputnik
Приказната за херојот или членот на семејството кој се борел во Втората светска војна можете да ја споделите со другите ако се пријавите на следниве платформи:
Можете да се пријавите и без фотографија на ветеранот, доколку таа не е зачувана. Датумот на раѓањето и смртта на херојот на војната, како и степенот на сродство исто така не е задолжително да се наведе. За време на прошетката многумина носеа портрети не само на членови на семејството, туку и на познати херои од војната, на пример, на маршалот Георгиј Жуков. Имаше и луѓе со портрет на Сталин, кој за време на војната беше на чело на СССР.
Русите исто така имаат можност на социјалните мрежи да го раскажат она што од личните контакти го знаат за подвизите на ветераните на Втората светска војна, додавајќи во својот пост тематски хаштагови.