Премиерот на Русија Михаил Мишустин заразен со коронавирус

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Премиерот Михаил Мишустин му соопшти на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин дека заболел од Ковид-19 и дека ќе се повлече во самоизолација.

„Почитуван Владимир Владимирович, тукушто дознав дека тестовите што ги направив на новиот коронавирус се позитивни“, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на премиерот Мишустин.

Рускиот премиер се наоѓаше на чело на Координативниот совет за борба против новиот коронавирус.

За вршител на должноста премиер на Русија е именуван првиот потпретседател на Владата Андреј Белоусов.