Путин вети дека на 9 мај ќе излезе на тераса и ќе ја испее „Денот на Победата“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе се приклучи на акцијата и дека на 9 мај во 19:00 часот ќе излезе на тераса и ќе ја испее „Денот на Победата“.

Предлогот до шефот на руската држава пристигна за време на онлајн-средбата со учесниците во акцијата „Ние сме заедно“.

Волонтерите го известија Путин дека иницијативата целата земја да ја испее песната потекнала од народниот уметник на СССР Василиј Лановој.

„Ќе го сторам тоа со задоволство. Треба само да ја изберам формата на своето учество. Задолжително ќе размислам за тоа. Но, немојте да се сомневате: со душата и срцето ќе бидам заедно со вас“, одговори Путин.