Воздухопловен дел од програмата на големата воена парада по повод Денот на Победата, 2019. Москва.
Алексеј Иванов/ТВ „Ѕвезда“„На 9 мај на небото над Русија во парадна формација во чест на хероите ќе лета авијациска техника“, рече шефот на руската држава, додавајќи дека вечерта истиот ден во центарот на руските градови ќе бидат испукани плотуни во чест на 75-годишнината од Победата. Зборовите на Путин во вторникот, 28 април, ги пренесе агенцијата РИА „Новости“.
Според рускиот лидер, овој пат празникот ќе мора да се одбележи со почитување на „барањата кои налагаат безбедност и самоизолација“. Путин нагласи дека без оглед на сите околности Денот на Победата ќе остане во срцата на граѓаните на Русија, а сите претходно планирани крупни манифестации, вклучувајќи ја и парадата на Црвениот плоштад во Москва и прошетката на „Бесмртниот полк“, ќе бидат организирани подоцна, кога во земјата ќе се поправи ситуацијата со ширењето на коронавирусот.
„Ние ќе го одбележиме јубилејот на Победата како што доликува, штом бидеме уверени дека ситуацијата е потполно безбедна, особено за нашите воени ветерани“, рече рускиот претседател.
Путин на 16 април соопшти дека поради коронавирусот Парадата на Победата се одложува и вети дека сите свечености во земјата задолжително ќе бидат организирани кога животите на граѓаните повеќе нема да бидат во опасност. Потоа дојде веста за одлуката да се вратат во касарните сите војници кои учествуваа во подготовките за Парадата на Победата на Црвениот плоштад, бидејќи парадата е одложена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче