Како изгледаат „балкон концертите“ на нашите денови во Русија (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Што да правите за да не се разболете од здодевност додека трае оваа изолација? Пејте, пејте и... погледнете како Русите го прават тоа на балкон!

Своите балкони први ги претворија во музичка сцена Италијанците, а идејата ја презедоа сите добро расположени и музикални луѓе во светот, па, се разбира, и Русите! На пример, Евгениј Григорович од Санкт Петербург.

И членовите на Московскиот воен ансамбл во еден станбен кварт.

Слушнете една интерпретација на познатата песна „Пролет“ на Виктор Цој, легендата на руската рок-музика.   

Со ваква музика и самоизолацијата станува поднослива.

Опера во Краснодар!

Саксофон во Ставропол:

Фешта во Ростов на Дон!