Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија за изминатите 24 часа е зголемен за 6198 лица, така што сега во сите региони на Руската Федерација се потврдени 87147 инфицирани. Така Русија според бројот на случаи на зараза со коронавирус ја претекна Кина, каде во моментов се забележани 84500 заразени.
Тоа се гледа од податоците кои во понеделникот, 27 април, ги објави оперативниот штаб за борба против ширењето на новиот коронавирус.
Во Русија до сега починаа 794 заразени лица.