„Претседателот како и претходно се занимава со спорт, плива или вежба на различни справи“, вели претставникот на Кремљ. Песков додаде дека секој пат кога Путин проучува некоја проблематика, самиот „станува стручњак“ и потсети на шегата на Путин дека сите во земјата сега стануваат виролози.
„Јас ни најмалку не се сомневам дека Путин е на вистинскиот пат да стане виролог“. Песков исто така додаде дека претседателот на Русија нема суфлери и детално се подготвува за секој настап.
„Суфлери нема и не може да ги има. Претседателот многу сериозно се подготвува за секој важен настан“.
Портпаролот на Путин истакнува дека претседателот „има многу добра меморија и секој пат ги дополнува своите знаења во оваа или онаа област. Тој никогаш не доаѓа на преговори или советување неподготвен“, рече Дмитриј Песков.