Главниот лекар на ковид болницата во Москва оздраве од коронавирус

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Главниот лекар на ковид болницата во реонот Комунарка во Москва Денис Проценко соопшти денеска дека оздравел од инфекцијата со вирусот COVID-19. И веднаш отиде во „црвената зона“ (делот на болницата во кој се сместени заболени од коронавирусот) да ги поддржи своите колеги.

„Две негативни анализи. Изолацијата е завршена. Пред мене е нормален работен ден. Подетално за тоа кога ќе излезам од црвената зона“, напиша Проценко на својата страница на „Фејсбук“.

Денис Проценко на 31 март соопшти дека е заразен со новиот коронавирус. Болеста, според неговите зборови, поминала во лесен облик. Главниот лекар премина на режим на самоизолација и ниту за ден не престана со работа: раководеше со болницата, ги консултираше колегите, учествуваше онлајн во меѓународни состаноци.