Лавров со руски пословици одговори на обвиненијата дека Русија ѝ помага на Европа „од користољубие“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Министерот за надворешно работи на Русија Сергеј Лавров наведе руски пословици како одговор на обвиненијата на претставникот на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на сметка на Русија.

Борел, имено, изјави дека Русија ѝ дава помош на Европа во борбата против коронавирусот „од користољубиви побуди“.

„Имаме неколку пословици. На пример, за тоа дека секој го сфаќа светот во согласност со мерката на својата расипаност. Или, ако сакате, со мерката на своето воспитување. Секој се чеша онаму каде што го чеша – тоа е друга изрека во врска со користењето на чисто хуманитарни прашања со цел геополитичка пресметка“, рече Лавров, а пренесува РИА Новости.

Според него, жално е што постојат луѓе „кои се обидуваат од мува да направат магаре и дека она што се случува, на пример, во Италија, да го прикажат како без малку воена интервенција на територијата на НАТО и ЕУ“.