Руските воени стручњаци им помагаат на српските лекари во повеќе од 50 медицински установи

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Одредите на Министерството за одбрана за недела дена престој во Србија извршија дезинфекција на 25 медицински објекти во главниот град и околината. Дезинфицирано е повеќе од 50 згради со вкупна површина од 380 илјади квадратни метри и повеќе од 20 патишта со тврда подлога со вкупна површина од околу 65 илјади квадратни метри“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во саботата беа обработени 13 градски и регионални амбуланти во Белград, каде што се врши дијагностика на пациенти кои имаат симптоми на коронавирус.

Руските бригади дадоа процена на санитарно-епидемиолошката ситуација и им дадоа помош на српските лекари во повеќе од 50 медицински установи во 15 градови.

Поради тешката ситуација на југот на Србија две медицински бригади и една група со стручњаци за радијациска, хемиска и биолошка заштита со специјална техника се преместени во Ниш. Тие имаат задача да спроведат противепидемиолошки мерки во медицинските установи во градот и околните населби.