Руска помош пристига и во Република Српска! Во Бања Лука очекуваат три авиони Ил-76

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На деветти април од воениот аеродром „Чкаловски“ близу Москва ќе полетаат три авиона „Илјушин“ Ил-76 со хуманитарна помош, а во еден од нив ќе бидат и руски лекари.

Тоа е резултат на повеќедневни преговори и договори на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик со претставници на Руската Федерација. По успешната комуникација на оваа релација, се чекаше на конкретизација преку надлежните органи во БиХ и Русија, јавува телевизијата на Република Српска.

Ил-76 кој би требало да слета денеска на бањалучкиот аеродром е еден од трите авиони кои Русија ќе ги упати во Република Српска, а во еден од нив ќе бидат и руски лекари.

Во Република Српска до денес има 365 заболени од коронавирус, 13 лица починаа.