Во Русија регистриран рекорден број заразени од коронавирус на дневно ниво

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

За 24 часа во Русија се потврдени 1154 нови случаи на зараза со коронавирус во 43 региони, соопшти оперативниот штаб. 11 пациенти починале, а 88 оздравеле.

Ова е рекорден дневен број на заразени во Русија.

Најголем број нови случаи е евидентиран во Москва - 697. Новозаболени, 69, се регистрирани во Санкт Петербург, а 67 во Московската област.  

Во Русија до денес се евидентирани 7497 случаи на зараза со коронавирус во 81 регион, 58 лица починаа, а оздравеа 494 пациенти.