Русите во самоизолација ја пеат „Катјуша“ од балконите и пуштаат аудио-книги преку разглас (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во северната руска престолнина Санкт Петербург, каде на сила е режим на сеопшта самоизолација, на граѓаните преку разглас им беше пуштена аудио-книгата на Сергеј Смирнов „Брестската крепост“.

Видеоснимката е објавена на телеграм-каналот „Расстрига“.

Во Шестата Црвеноармејска улица во Санкт Петербург преку разглас беше пуштена аудио-книгата со воена тематика на советскиот писател Сергеј Смирнов „Брестската крепост“, пишуваат руските медиуми.

И жителите на Челјабинск, кои се наоѓаат во самоизолација, излегоа на балконите и ја пееја „Катјуша“, по што музиката од балконите по пат на флешмоб стана пракса: