Детален водич низ мистериите на Русија

Варвара Гранкова
Многу од овие тајни остануваат нерешени до денес. Дали можете да се сетите за што всушност се работи?

1. Киштимското џуџе Аљошенка

Летото 1996 година во шумата во близина на малиот град Киштим (1.764 километри од Москва) во Уралскиот округ пронајдено е мистериозно хуманоидно суштество.

Го пронајде жена на која подоцна ѝ беше дијагностицирана шизофренија. Таа ова суштество го посвоила и дури му го дала името на својот роден син: Аљошенка (скратено од Алексеј).

Нејзините сограѓани се прашувале од каде се појавило ова необично суштество. Дали тоа бил вонземјани или само деформирано човечко суштество? Со овие прашања се опседнал Киштим, а подоцна и целиот свет.

Меѓутоа, кога „помајката“ на „киштимското џуџе“ била сместена во ментална установа, Аљошенка починал, па и неговото тело преминувало од рака во рака, пред целосно да исчезне.

До денес никој не може да објасни од каде стасал Аљошенка, ниту каде исчезнало неговото тело.

2. Тунгуската експлозија

На 3 јуни 1908 година непознат објект експлодирал во оддалечените шуми на Сибир. Предизвиканата штета можела да се спореди со дејството на хидрогенска бомба: шумата околу епицентарот на експлозијата била уништена, а магнетни бури беснееле ширум северната Земјина хемисфера.

Објектот што ја предизвикал оваа експлозија никогаш не е пронајден, ниту, пак, се пронајдени нејзините остатоци, иако многумина научници го пребарувале оружјето. Со текот на годините се појавија бројни теории за причината на експлозијата, почнувајќи од второто Христово доаѓање до неуспешниот експеримент на Никола Тесла.

Некои сметаат дека експлозијата ја предизвикала ледена комета која по ударот во тлото се истопила. Со оглед дека не постојат цврсти докази кои би ја поткрепиле која било теорија, Тунгуската експлозија и понатаму е нерешена мистерија.

Дознајте повеќе за тоа.

3. М-зона

Како и Бермудскиот триаголник, М-зоната во руската дивина е предмет на интересирање на уфлозите од целиот свет.

Оваа мистериозна зона се наоѓа во густите шуми на Пермската област. Посетителите на М-зоната, која е позната и како Пермска паранормална зона, често сведочат дека доживеале халуцинации, необичен ентузијазам или потиштеност, како и дека виделе НЛО и мистериозни светла. Забележано е и пореметено функционирање на компасите и на електричните апарати.

Иако на ова место редовно одат експедиции, неговата тајна останува скриена.

4. Случајот на превојот Дјатлов

Една ноќ во февруари 1950 година, група од деветмина планинари го изгуби животот на северот од Уралските планини во исклучително необични околности.

Официјалната истрага заклучи дека „причината за смртта е непозната несовладлива сила што планинарите не можеле да ја избегнат“. Се смета дека планинарите среде ноќта нешто ги истерало од нивните шатори, зашто подоцна нивните голи тела се пронајдени на извесна оддалеченост од кампот.

Бројните истраги од страна на професионалци и на аматери никогаш не доведоа до задоволувачко решение. Затоа превојот Дјатлов ја распламти фантазијата на многумина љубители на мистериите ширум светот. НЛО, Јети, шпиони, тајни воени испитувања и црна магија се само некои од објаснувањата за оваа трагедија. Но, никој не знае со сигурност што се случило со искусните планинари кои заминале на експедиција и никогаш не се вратиле.

5. Страшен снежен човек во Русија

Приказните со огромното, несмасно чудовиште во дивината со векови биле дел од фолклорот. И во Советскиот Сојуз снежниот човек бил предмет на истражувања.

Во педесеттите години од минатиот век била основана специјална комисија од страна на Советската академија на науките со цел да се потврди постоењето на Јети. Спроведени биле експедиции, но акцијата била запрена зашто не биле добиени никакви резултати.

Но, многумина во Русија и натаму продолжија да го гледаат Јети.

6. Потрага по библиотеката на Иван Грозни

Според легендата, Софија Палеолог, ќерката на братот на последниот византиски цар Константин Единаесетти, од Рим во Русија донела уникатна колекција вредни ракописи кога се мажела за великиот московски кнез Иван Трети.

Се верува дека оваа колекција, која во светот на научниците и на библиофилите се смета за Свет Грал, содржела изгубени и непроценливи древни ракописи, па нејзиниот пронаоѓач брзо би станал светска ѕвезда.

Неуморните истражувачи со децении ја барале изгубената библиотека, но никој сè уште немал среќа да ја пронајде, па многумина почнале да веруваат дека станува збор само за легенда. Сепак, некои теории на завера тврдат дека библиотеката и натаму е недопрена и дека го чека својот пронаоѓач.

7. Смртта на Александар Први

Александар Први ја предводел руската војска против Наполеон. За време на неговото владеење Русија ја поразила француската империја и зазела место меѓу водечките светски сили. Неговата војска успеала дури и да го освои Париз.

На врвот на своето владеење 47-годишниот цар ненадејно починал од тифусна треска, што предизвикало шок во Русија. Царот починал во ноември 1825 година во градот Таганрог, околу 1.100 километри јужно од Москва.

Но, луѓето чувствувале дека нешто не е во ред со неговата смрт. Телото на Александар било донесено во затворен ковчег и речиси никој не му го видел лицето. Оние што го виделе телото тврделе дека покојникот не личел на царот.

Со оглед на тоа дека со текот на годините Александар станал посветен верник на православната црква и дека поминувал денови во молитва, дозволувајќи Русија да ја водат министрите, се прошириле гласови дека тој тајно абдицирал и дека избегал во осаменички живот со лажен идентитет на монах. Луѓето дури и определиле извесен монах, велејќи дека тој би можел да биде царот.

8. Бродот-сениште „Љубов Орлова“

Крузерот „Љубов Орлова“ патуваше по морињата од 1976 до 1999 година кога компанијата што го поседуваше бродот банкротираше. Бродот требаше да биде префрлен во Доминиканската Република на отпад, но беше изгубен во море кога сајлите за влечење на бродот во бура.

Бродот исчезна. Четири тони челик без светла и без електричен систем ги плашеше другите морнари зашто дојде до опасност од ноќна средба со напуштениот брод. „Љубов Орлова“ е засекогаш изгубена, но и понатаму кружат приказни за џиновски стаорци кои меѓусебно се јадат на овој брод. Дали потонал или струите го одвлекле некаде во океанот, не се знае, но продолжува да биде фасцинантна тема за сите љубители на мистериите.

Дознајте повеќе.

9. Војници со паранормални способности

Во осумдесеттите години од минатиот век руската војска развива техники на телекинеза, невербално сослушување и читање мисли. Така барем мислат некои.

Овие смели тврдења се појавија и во статија во официјалното списание на руската војска „Армејски зборник“.

Иако некои мислат дека станува збор за измислици, многумина веруваат дека советските научници правеле експерименти на полето на парапсихологијата за да открие некакви необични човекови моќи.

10. Дупка до пеколот

Во советско време тим советски истражувачи заминале во Сибир за да го тестираат тлото, барајќи нафта и други природни суровини. Легендата вели дека тие направиле дупка во земјата и се изненадиле кога на инструментите ја прочитале длабочината и притисокот. Од дупката избивала топлина од околу илјада степени според Целзиус.

Научниците исто така наводно слушнале и придушени звуци кои допирале од дупката. Спуштиле микрофон во длабочината, па се слушнале човечки крици и лелеци.

11. Камената плоча „Дашка“

Таинствената камена плоча е пронајдена во 1999 година на јужен Урал. Излегло дека тоа е тродимензионална мапа на уралскиот регион која можела да биде направена само со помош на сателитски снимки. Каналите, браните и насипите на плочата точно го прикажувале реалниот терен. На плочата се пронајдени и натписи на непознат јазик.

12. Саблински пештери

Саблинскиот парк на природата е подземен лавиринт во близина на Санкт Петербург долг неколку десетина километри. Пештерите ги има направено човек. Некои веруваат дека тоа се подземни премини издлабени за време на вадење кварц, а други сметаат дека ги направила војската. Во секој случај, мрежата ходници и копови денес е напуштена.

Но, ги привлекува авантуристите и истражувачите кои веруваат дека тука се наоѓа временско-просторна аномалија. Имено, пријавени се бројни случаи на исчезнати лица во околината на Саблинските пештери. Луѓето можеби се изгубиле или на дното ги повлекла некоја лигава маса. Или можеби станува збор за уште некоја злокобна сила која функционира тука?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња