Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин обзнани воведување режим на самоизолација за сите граѓани без исклучок. Жителите на рускиот главен град ќе можат да ги напуштаат своите домови само заради одење на работа, купување во продавници со храна и аптеки, или изведување на домашните миленичиња во прошетка. Во Москва се затворени сите ресторани, барови, паркови, фитнес-центри и установи со забавен карактер.
Режимот на сеопшта самоизолација е на сила првично до петти април, по што може да биде продолжен на неопределено време, беше соопштено на каналот на Оперативниот штаб за контрола и мониторинг на ширењето на новиот коронавирус на сервисот „Телеграм“.