Во Храмот „Архангел Михаил“ во селото Урусово на подрачјето на градот Венов во Тулската област во Русија (50 километри од Тула и 180 од Москва) почна да мироточи иконата на Мајката Божја од 18 век наречена „Знамение“, пишува на официјалниот сајт на Руската православна црква.
Мироточењето е појава на лачење на миризливо масло од икона како последица на чудо. Оваа појава е забележана многу пати во црковната историја. Верниците сметаат дека таквите икони имаа исцелителна моќ.
Мироточењето на иконата е забележано повеќе пати од 8 февруари, во интервали од по неколку дена. Дека станува збор за мироточење потврди и протојереј Николај Дудин. Според сведочењето на очевидците и настојникот на Богојавленската црква во Венев протојереј Олег Алејников, старата икона ја пронашол пред 30 години на таванот на една напуштена куќа жителот на селото Островски Анатолиј Николаев.
Вниманието му го привлекла задната страна која всушност ја претставувала иконата на Мајката Божја „Чашата што не се испива“, се наведува на сајтот.
Човекот што ја пронашол иконата им оставил завет на своите домашни по неговата смрт да ја подарат иконата на храмот, нешто што тие и го сторија минатата есен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче